Воспитување

Мајчината поддршка ја зголемува самодовербата кај детето

Стабилниот емотивен однос помеѓу мајката и детето е клучен за развојот на поединечни делови од мозокот, односно за развојот на интелигенцијата.

Детето кое е емотивно поврзано со мајката има поголем хипокампус

Професори од Универзитетот во Вашингтон го проучуваа начинот на кој одредена група на мајки се однесува со своите најмали во период од седум дена.

Резултатите покажуваат дека децата што се емотивно поврзани со својата мајка имаат во просек десет пати поголем хипокампус од оние деца што не се емотивно поврзани.

Хипокампусот се поврзува со помнењето, учењето и реагирањето на стресот

Истражувачите откриваат дека кога постои силна врска помеѓу мајката и детето, тоа се чувствува посигурно, а сигурноста му дозволува да го истражува светот и да ја зголеми својата самодоверба.

Полесно соочување со стресни ситуации

Исто така, посветените мајки повеќе им помагаат на своите деца при решавање проблеми, што придонесува децата да станат подобри и потемелни во учењето и полесно можат да се соочат со стресните ситуации.

Поврзани написи

To top