Родителството честопати ја поставува дилемата што е „слатко“ или „безопасно“ во однесувањето кон децата. Додека многу возрасни не гледаат ништо лошо во некои старомодни шеги, мајката Колин Микс верува дека понекогаш родителите не сфаќаат колку зборовите и гестовите што ги перципираме како слатки, можат да го обликуваат разбирањето на децата за врските. Како што објаснува таа, возрасните честопати го потценуваат влијанието на ваквите коментари врз емоционалната зрелост на децата.
Микс зборува за стара шега во која возрасните ги задеваат децата и им велат дека се „дечко и девојка“. Според неа, тоа не е ниту безопасно ниту слатко.
-Не мислам дека е соодветно детското пријателство да се именува со „дечко и девојка“ сè додека не станат многу повозрасни – вели таа.
Верува дека ваквите шеги ги охрабруваат децата предвреме да имитираат романтично однесување што не го разбираат и за кое не се емоционално подготвени.
Според неа, детството треба да биде време за учење пријателство, емпатија и самодоверба, а не вовед за романса.
-Ако им дозволиме на децата да си играат „врски“ пред да развијат вештини за пријателство, тие влегуваат во ситуации што можат да бидат збунувачки и емоционално болни – истакнала Микс.

Таа, исто така, предупредува дека културата и медиумите ги отежнуваат работите со постојано изложување на децата на содржина што ги романтизира љубовните врски уште од многу рана возраст.
Конечно, таа нагласува дека родителите имаат одговорност да ги водат своите деца и да им помогнат да научат да прават разлика помеѓу пријателството и романтичната приврзаност.
-Откако ќе му кажете на детето дека романтичното однесување е слатко, тешко е подоцна да поставите граници – вели Микс.
Според неа, најголемиот знак за добро родителство е да им дозволите на децата да бидат деца – без да ги притискате премногу рано да станат „возрасни“.