Медисон Спонслер насмеала милиони корисници на „Инстаграм“ со слатко видео на кое ја „пребарува“ чантата на нејзината четиригодишна ќерка Либерти. На слаткото девојче му е интересно да ја користи својата чанта и да ги става најчудните предмети во неа, а она што го пронашла нејзината мајка го докажува тоа.
Медисон пронашла 21 мал морков, два дрвени ножа, балсам за усни, нејзиниот дезодоранс што го барала насекаде. Исто така, во чантата имало путер, парчиња салама од ручек и други сосема неочекувани предмети.
-Не знам дали сум исплашена или импресионирана – се пошегувала Медисон во описот на видеото, кое го погледнале милиони луѓе на „Инстаграм“.