Воспитување

Мајка се прашува дали греши кога им кажува на децата да останат подолго в кревет во викендите

Во текот на неделата се будиме рано, па едвај чекаме да дојде викенд кога нема да мора да се будиме со аларм или да одиме некаде рано.

Сепак, постојат деца чии родители немаат луксуз да спијат подолго за време на викендите… Една таква мајка се јавила на форум на „Редит“ и побарала мислења за методот што го користи за да се наспие во викендите. Иако е привлечен за многумина, методот не наишол на универзално одобрување. Имено, таа и нејзиниот сопруг имаат шест деца во „мешано семејство“ и пред да живеат заедно, нејзиниот сопруг имал правило со своите деца дека без разлика колку рано се будат децата наутро, некој возрасен (тој или неговите родители) ќе биде таму за да им помогне и да им подготви појадок.

-Сите живееме заедно малку повеќе од 3 години, па би помислиле дека сме се приспособиле досега, и до одреден степен е така, но овие две деца сè уште сакаат да стануваат помеѓу 4 и 6 часот наутро. И штом ќе се разбудат, сакаат да јадат. И јас сакам да станувам околу 5 часот наутро за да можам да имам малку време за себе, па затоа ова беше тешко – рекла мајката.

Таа се обидела да им даде до знаење на децата дека треба да останат в кревет, но тие постојано сакале да станат. Пробала со будилници, светла за будење итн., и ништо не функционирало за да ги задржи во нивните кревети.

-Тие сакаат да си играат и не сакаат да седат мирно пред телевизорот или нешто слично. Сè прават само за да ја разбудат целата куќа – продолжила таа.

Жената нагласила дека не сака доцното спиење да биде казна, туку дека мора да почне да им кажува оти не можат да станат додека таа не им каже – за време на викендите тоа е 7:30.

-Некои денови функционира. Други денови, како денес, постојано стануваат да се жалат и да ми кажат колку се гладни. Тоа прави да се чувствувам лошо, не сакам да седат гладни, но исто така знам дека не гладуваат и само сакам куќата да има мирно утро за време на викендот барем еднаш.

Неколку корисници понудиле некои од своите идеи за тоа како авторката на објавата би можела да го ублажи овој проблем.

-Татко ми правеше „чоколатце за појадок“ за своите внуци кога беа мали. Тој ќе поставеше кутии со сок, кесички со сос од јаболка, житарки и слични работи претходната вечер, а децата знаеја дека ако се разбудат пред возрасните, ќе имаат пристап до тие закуски и ќе им биде дозволено да бидат во одредена просторија тивко до разумно време – предложи еден корисник во коментар.

-Можеби би можеле да ставите мал „сет за појадок“ во нивната спална соба претходната вечер со некои многу едноставни работи што би можеле да ги јадат додека сите не се разбудат. Суви житарки во сад, гранола чоколатца, кесички со овошно пире. Ако сте будни во 4 часот, можете да отворите што ви треба тогаш и да останете во собата. Дали двајцата најрани станувачи делат соба? Тоа би можело да помогне. Можете да поставите „утрински корпи“ во нивните соби со тивки активности за да бидат зафатени. Ротирајте нови играчки или смислете некои потивки активности. Многу идеи има на „Пинтерест“ и слични платформи – рекол друг корисник.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

To top