Игротека

Мајка покажала како изгледа животот со близнаци во стан од 40 квадрати

Али Свини, мајка на близначки, сподели на „Тик-ток“ како изгледа животот со две новороденчиња во еднособен стан во Сан Франциско. Таа со сопругот живееле во „Фонтана тауерс“ кога се родиле нивните ќерки Ема и Савана.

– Секогаш се шегувавме дека можеби ќе можеме да сместиме само едно бебе, па беше голем шок кога дознавме дека очекуваме близначки – вели Свини.

Животот во мал простор е предизвик и за родителите и за децата, па семејството морало да биде внимателно со купувањето и организирањето на просторот. Дури и со минимални ресурси, се труделе да обезбедат удобен и безбеден дом.

@allieandthegalz the video that broke my TikTok … yes we lived in a one bedroom apartment until the twins were 8 months old 🤪🤪 #twins #cityliving #apartmentbabies ♬ original sound – allieandthegalz

Бучавата и светлото биле сведени на минимум додека спиеле девојчињата, а секојдневните предмети биле секогаш на дофат заради практичност и безбедност.

Свини вели дека животот во мал стан со малечки деца е изводлив, и дури ја поттикнал да поминува повеќе време надвор. Поради малиот простор, сè било „близу и на дофат“ – од спална до кујна или играчки.

Откако близначките наполниле седум месеци, се преселиле во поголема куќа со две спални во предградие на Сан Франциско.

– Сега нивната соба е поголема од целиот стариот стан – вели Свини, но додава дека не жали за времето поминато во малиот стан.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top