Пред неколку дена 40-годишна жена во Уганда, Источна Африка, родила шест деца: пет момчиња и едно девојче. Според локалните медиуми, децата се родени со царски рез во седмиот месец од бременоста. Новороденчињата веднаш биле префрлени на интензивна нега, каде што се згрижени 24 часа на ден.
Болницата објави на социјалната мрежа „X“:
-На Велипеток бевме благословени со вистинско чудо: Бетонде Глориус роди шест прекрасни бебиња! Сите се чувствуваат одлично.
Мајката била шокирана и изјавила дека тоа е „чудо“ што ја исполнило со голема среќа. Ова била нејзина втора бременост. Гордиот татко, исто така, изразил длабока радост и благодарност, нарекувајќи го раѓањето благослов и голем подарок за неговото семејство.
Патем, раѓањето шесторка е исклучително ретко, веројатноста е приближно 1 на 4,4 милијарди, што значи дека имате поголеми шанси да добиете на лотарија отколку да имате шесторка. Интересно е што во светот се евидентираат само неколку потврдени случаи на секои десет години. Повеќето повеќекратни бремености се резултат на асистирана репродукција, како што се хормонска терапија или вештачко оплодување. Ваквите породувања се поврзани со големи ризици, вклучувајќи предвремено породување, ниска родилна тежина и долгорочни здравствени компликации за децата, како и здравствени проблеми за мајката.