Ема Нелсон споделила видео од нејзиниот син Џек како се лула првпат во животот. Ема го однела своето бебе во паркот и го ставила на лулашка, а потоа ја снимила неговата реакција. Малиот Џек уживал во секоја секунда, а насмевката не му се симнала од лицето.
-Овој момент ќе живее во моето срце засекогаш – напишала Ема во описот на видеото, кое го погледнале илјадници корисници на „Инстаграм“.
Погледнете го целото видео подолу.