Една мајка предизвикала жестока дебата на социјалните мрежи откако објавила дека го откажува Божиќ оваа година. Причината? Таа верува дека нејзините „разгалени“ деца едноставно не го заслужуваат.
Во вирално видео на „Тик-ток“ жена по име Дон без двоумење ја објаснила својата одлука, тврдејќи дека е презаситена од тоа што нејзините деца не ѝ помагаат со ниту една од домашните работи.
„Ме излудуваа цела година“
-Не им го овозможувам Божиќ на моите деца оваа година – и тоа само од една причина: тие не го заслужуваат. Ви зборува нивната мајка. Ги познавам моите деца. Видов што правеа цела година и едноставно не го заслужуваат. Тие буквално ми одеа на нерви во последните 365 дена – рекла мајката.
Таа вели дека од децата ги бара само основните работи, но кога ќе се врати дома, открива дека тие ништо не направиле. Не ја вклучуваат машината за перење алишта, не ги ставаат садовите во машина за миење садови, не го вадат ѓубрето, па дури и не го чистат мијалникот откако ќе си ги измијат забите.
-Морам да им се јавам четири или пет пати додека сум на работа и да ги потсетам дека садовите треба да се мијат, подовите да се поминуваат со правосмукалка, мијалникот да се чисти, ѓубрето да се изнесе и сите треба да се истушираат пред да се вратам дома. Ако се вратам дома во 22:30 часот, а потоа треба да седам на кујнската маса два часа додека сите одлучуваат дека е совршено време за туширање, буквално можам да клоцнам некого по задникот – вели таа.
Таа е особено вознемирена и од она што, според неа, нејзините деца постојано го уништуваат низ куќата – вклучително и нивните мобилни телефони.
@dawnlewinsky5 ‼️Don’t no one come on here talking about it’s how I raised them, NO ITS ABSOLUTELY NOT! These kids now a days, NOT JUST MINE, are easily influenced by not being on Planet Earth and think everything comes handed on a silver spoon! I discipline my kids ABSOLUTELY but it’s just these new aged kids that are so damn entitled‼️ #fyp #christmas #kidsoftiktok #grinch #holidays ♬ original sound – Dawn Marie
-Не морам да плаќам 250 долари за нов телефон секојпат кога некој ќе го скрши својот – додала мајката.
„Не можат да се сложат за ништо“
Дон, исто така, вели дека себичноста на нејзините три најмлади деца, како и нивните постојани караници, е исцрпувачка.
-Не можат да се сложат за ништо. Се караат, се расправаат, ги прават сите тие класични глупости за браќа и сестри. Но, дојде до точка каде што тоа веќе не е нормално. Можеби ми е вака затоа што сум навикната да ги гледам моите две постари деца како се сложуваат совршено. Никогаш не се карале, никогаш не се расправале. Секогаш си помагале едни на други, секогаш си ја пишувале домашната задача. А овие три помладиве? О, Боже. Нема Божиќ оваа година. Едноставно не го заслужуваат – заклучила мајката.
Реакциите на социјалните мрежи се поделени
Во описот на видеото, Дон однапред се брани од критиките, велејќи дека не станува збор за лошо родителство.
-Не дозволувам никој да ми каже дека така сум ги воспитала – НЕ, АПСОЛУТНО НЕ! Денешните деца, не само моите, лесно паѓаат под влијание, живеат како да не се на планетата Земја и мислат дека сè им се служи на сребрен послужавник. Ги дисциплинирам моите деца, но оваа нова генерација е едноставно проклето разгалена – напишала таа.
Нејзината објава предизвикала лавина од коментари, а мислењата се остро поделени. Додека некои го критикуваат нејзиниот пристап кон родителството, други отворено ја поддржуваат.