Алис Ново ја споделила слатката реакција на нејзината мала ќерка на „Тик-ток“. Алис ја прашала ќерка си дали сака да гледа телевизија, па кога девојчето рекло „да“, ѝ објаснила дека може да го стори тоа откако ќе ги собере сите играчки.
Девојчето со задоволство ја прифаќа задачата и почнува да ги враќа играчките на нивното место. Нејзината мајка го снимила целото видео и го споделила со надеж дека ќе им покаже на другите родители како може да се постигне договор дури и со мали деца. Во овој случај, секој го добил она што го сакал- малечката гледала телевизија, а нејзината мајка ја охрабрила да ги раскрене играчките.
Слаткото видео донело насмевки на лицата на илјадници корисници на „Тик-ток“, а многумина го пофалиле однесувањето на девојчето, кое се справило со задачата многу подобро од некои постари деца.