Видео кое ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи го прикажува почетокот на едно преслатко и нераскинливо пријателство помеѓу едно мало момче и неговото куче. Чејен Греам од Мелбурн, Австралија, го овековечила моментот што го чекала – првата вистинска игра помеѓу нејзиниот син Луис и неговото куче Купер.
Откако малиот Луис се родил на почетокот на 2024 година, семејното куче Купер покажало неверојатно трпение. Со месеци тој бил лојален и смирен, но не покажал посебен интерес за бебето, што не е изненадувачки бидејќи Луис на почетокот не бил многу забавен другар за играње.
Од трпелив набљудувач до најдобар пријател
Сè се променило кога Луис наполнил околу една година и конечно ја совладал уметноста на фрлање топка. Во моментот кога го видела својот син како се обидува да фрли топка првпат, мајката почувствувала огромна возбуда. Тоа било знак дека нивното мало дуо конечно може да почне да игра заедно.
-Кога се роди Луис, се обидовме да поминуваме многу време заедно. На Купер му требаше време да покаже интерес, но сега кога Луис повеќе не е само „мал компир“ и може да му фрла топка, тие станаа најдобри пријатели – изјавила мајката.