Воспитување

Луѓето што биле осамени во детството ги развиваат овие негативни особини

Се сеќавате ли на вашето детство како на навистина прекрасен период, полн со игра, дружење, забава или како период кога владееше досадата, осаменоста и неможноста за дружење? Иако многумина ќе кажат дека детството им било како првиот дел од реченицата, воопшто не се ретки оние што се далеку позапознаени со вториот дел. И сите знаеме дека работите не се ништо подобри денес или дека само ќе се влошат.

Да, модерниот начин на живот, како и пандемијата и разни други фактори имаат многу негативно влијание врз изолацијата и на возрасните и на децата. Според една американска студија од 2023 година, 38,7% од адолесцентите изјавиле дека се чувствуваат умерено до крајно осамени. Една година претходно Истражувачкиот центар за американскиот живот, исто така, спровел студија која покажала дека повеќето поединци од генерацијата З се чувствуваат осамено, барем еднаш или двапати месечно во текот на нивното детство.

Кога децата се чувствуваат осамени?

Најчеста причина за осаменост во детството е недостигот на блиски пријателства. А зошто децата немаат доволно пријатели? Причината може да биде тешкотијата во создавањето или одржувањето пријателства, без разлика дали се должи на срамежливост, анксиозност или недостиг на општи социјални вештини. Ако се гледаат себеси како различни поради нивните интереси, чувства или способности, тоа може да го отежне и стекнувањето пријатели. Тоа може да биде и често селење, или малтретирање на врсниците. Луѓето кои биле осамени како деца обично развиваат некои негативни особини како возрасни, според психолозите.

Социјална анксиозност

Како возрасни, децата што биле осамени во детството може да се плашат од социјално осудување или отфрлање, што ги прави социјалните интеракции многу стресни и поретки.

Негативност

Работите што ни влијаат емоционално во текот на детството можат да останат запишани во нашата меморија до крајот на животот. Така, детето кое било осамено поради малтретирање и запоставување, кога ќе порасне, природно може да ги смета другите за несигурни и да смета дека е најдобро да се држи настрана од блиски односи.

Проблем да им верувате на другите

Тешкотијата да им верувате на другите, исто така, може да доведе до негативни ставови за односите воопшто. Така, осаменоста во детството може да се претвори во прекумерна претпазливост во односите со возрасните, што всушност произлегува од стравот дека ќе бидете повредени или напуштени.

Екстремна независност

Кога детето е осамено, може да почне да фантазира за време кога повеќе нема да му треба или нема да сака приврзаност, и соодветно на тоа може да почне претерано да се стреми кон независност.

Депресија

Некои експерти веруваат дека фактот оти некој има историја на осаменост може да придонесе за чувство на тага и депресија во зрелоста.

Ниска самодоверба

Личноста која како дете се чувствувала осамено може да има ниска самодоверба. Тогаш може да се појави лоша слика за себе, па дури и потреба за изневерување. Често таквите луѓе веруваат дека не заслужуваат вистинска љубов и имаат многу критички став кон себе.

Претерано фокусирање на изгледот

Ова е тесно поврзано со ниската самодоверба. Возрасниот може да верува дека за сѐ е виновен недостигот на привлечност, па може да преземе екстремни мерки за да го подобри својот изглед.

Проблеми во врските

Оние што биле осамени како деца може да развијат несигурност или да избегнуваат приврзаност, а тоа може да се манифестира со прекумерна нездрава приврзаност или целосно избегнување на блискост.

Желба за одмазда

Кога осаменото дете ќе стане полнолетно, може да бара одмазда, но не на начин што ќе им наштети на другите, туку најчесто на начин што не дозволува оние што сакаат да се зближат со него.

Зголемена чувствителност на негативни социјални знаци

Оние што се чувствувале осамено како деца полесно ќе забележат и ќе реагираат силно на отфрлање или негативни социјални интеракции.

Тешкотии во искажувањето емоции

Ова е сосема логично бидејќи уште од детството немале со кого да ги споделат чувствата, ниту пак пораснале со некој за да ги споделат чувствата. Така, оние што растеле осамени може да се борат со идентификување на сопствените емоции и соопштување на нивните чувства на другите.

Екстремна екстровертност

Но, сето ова може да функционира на друг начин. Осаменоста во детството може да доведе и до „екстремна екстровертност“. Возрасен човек кој пораснал чувствувајќи се осамено може да даде сѐ од себе за да развие што е можно поголема група пријатели.

Склоност кон самотија

Експертите велат дека осамените деца често ја претпочитаат самотијата како возрасни бидејќи утехата можат да ја најдат во самотијата, понекогаш и до степен да се изолираат.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top