Еден од светски познатите готвачи Џејми Оливер е во врска со сопругата Џулс уште од својата 17 година, а парот годинава ја прославил својата 21-годишница од брак. За да го одбележат важниот момент во нивното семејство, Џулс на својот профил на „Инстаграм“ објавила фотографија на која е во бела венчаница, а потoа објавила и видео во кое танцувала со Џејми и децата во кујната.
„Она што мислеше дека ќе добиеш…тоа навистина и го доби“, напишала Џулс и додала: „Ти благодарам што ме сакаш баш таква каква што сум! Сега имаш уште 5 прекрасни деца кои сигурно од мене го наследиле талентот за танцување во куната. Те сакам многу, мој апсолутно легендарен маж!“

Минатата година двојката на 20-годишницата од брак планирала да направи голема забава и да ги обнови брачните завети, но ги спречила пандемијата. Џејми за магазинот „Ивент“ тогаш изјавил: „Џулс сака повторно да се венчаме. Ќе го направиме тоа, но сосема поинаку. 20 години брак е голем успех и убаво е повторно да ги собереме драгите луѓе околу нас“.
Џејми и Џулс живеат во Есекс во Англија со своите 5 деца – Попи (19 години), Дејзи Бу (18 години), Петал Блосом (12 години), Бади (10 години) и Ривер (4 години).