Џордан Б. Питерсон е популарен канадски психолог и автор кој дипломирал политички науки, покрај психологија. Познат е по тоа што е многу директен, што може да предизвика негодување кај оние што не размислуваат како него.
Една од последните вакви изјави ја дал во поткаст и предизвикал лавина од коментари.
-Многу е тешко луѓето да пораснат ако немаат деца. Многу луѓе мразат кога го кажувам тоа и велат дека постојат и други начини да се расте, дури и ако немате деца. Но, тоа е многу тешко. И тешко е затоа што не сте зрели сè додека немате некој во вашиот живот кој е, без сомнение, поважен од вас. И освен ако немате тешка форма на нарцисоидно растројство, тоа апсолутно се случува кога имате деца. Тие ви стануваат поважни од животот. И тогаш сте возрасен. Дури и ако не сте многу добри во тоа. Возрасни сте затоа што таа друга личност е некој за кого би го дале животот. Или некој за кого би живееле – заклучил д-р Питерсон.