Кога детето ќе почне да ги изговара првите зборови, родителите честопати со нетрпение чекаат да слушнат „мама“ или „тато“. Но, според логопедот Моира, која споделува едукативни содржини на „Тик-ток“, некои инстинкти на родителите можат да го забават развојот на говорот кај децата.
Во видеото, Моира наведува три грешки што многу родители несвесно ги повторуваат – и советува како да ги избегнат.
Не присилувајте го да кажува „мама“ или „тато“
Постојаното повторување „Кажи мама!“ може да предизвика притисок. Детето тогаш е помалку мотивирано да го повтори зборот. Наместо тоа, едноставно искористете го посакуваниот збор во секојдневните реченици, „Мама те сака“, „Мама ќе ја смени твојата маичка“.
Избегнувајте бебешко зборување
Како што објаснува Моира, истражувањата покажуваат дека таквиот начин на зборување не е корисен за децата што учат да зборуваат. Важно е да се направи разлика помеѓу бебешко зборување – намерно искривување на зборовите за да звучи детски – од говорот насочен кон децата, како што е пеење со изразени промени во интонацијата. Токму овој стил на говор им помага на децата да учат да зборуваат, а бебешкото зборување не ги носи истите придобивки.

Не повторувајте само еден збор
Ако детето вели „камион“, а вие само повторите „камион“, разговорот завршува таму. Подобро е да се прошири реченицата: „Да, камион. Голем, син камион!“
Со примена на овие едноставни совети децата побрзо ќе го прошират својот речник и ќе развијат говор преку природна интеракција.