Се сеќавам на денот кога сфатив дека сум премногу заштитнички настроена мајка. „Може ли да играм фудбал надвор?“, праша мојата 13-годишна ќерка едно попладне.
„Со кого ќе играш?“
„Брајс, Брејден и Џејкоб“, одговори таа.
„Хм, не“, одговорив автоматски. „Три момчиња? Не.“ И настана расправија која заврши со солзи. Зошто толкава драма околу обичен фудбалски натпревар? Не познавав две од трите момчиња што таа ги наведе – па затоа мислев дека ја чувам безбедноста на мојата млада, наивна тинејџерка, додека, всушност, бев премногу заштитнички настроена мајка. Сакам да бидам мајка која е доволно заштитнички настроена. Еве три работи што треба да ги направите за да не ја преминете линијата од заштитничка до премногу заштитничка мајка.
Научи
Понекогаш премногу заштитните мајки се, всушност, исклучени од светот на своето дете и затоа го претпоставуваат најлошото во секоја ситуација. Затоа, пред да „скокнете“ во заштита, направете чекор наназад и повторно поврзете се со детето. Дали музиката што ја слуша вашиот тинејџер звучи ужасно додека ја слушате од неговата соба? Запознајте ја музиката од прва рака пред да донесете брзи заклучоци. Дали се плашите дека пријателите на вашето дете имаат лошо влијание? Поканете ги и запознајте ги. Да ги запознаев Брајс, Брејден и Џејкоб, брзо ќе научев дека немам за што да се грижам.
Запрашајте се: Што треба да научам за моето дете во оваа фаза?
Граница
Знаеме дека на децата им требаат граници, колку и да не им се допаѓаат. (Мислам навистина, кој сака граници?) Но наместо само да давате наредби, зборувајте за вашите очекувања и зошто се потребни. И ако не сте сигурни дали сте премногу заштитничка мајка чии граници се премногу строги, задајте си една домашна задача. Разговарајте со вашите пријатели и соседи, читајте статии и слушајте поткасти за родителство за да ви дадат добра референтна рамка.
Запрашајте се: Дали поставив разумни граници и разговарав со моите деца за нив?
Во живо
Ако се обидувате да го заштитите вашето дете толку многу што не можете да се опуштите или вашето дете го пропушта животот поради тоа што нешто може да тргне наопаку, тогаш можеби сте премногу заштитнички настроени. Помислете на Марлин во „Барајќи го Немо“. Од најдобри намери, премногу го штитеше Немо. Ниту еден од нив не можеше вистински да „живее“ бидејќи имаше толку многу страв во себе. Преголемата заштита се случува кога постапуваме првенствено од страв наместо од мудрост. На крајот, Марлин дозна дека „лошите“ работи би можеле да бидат вредни искуства за раст и зреење за Немо.

Запрашајте се: Дали живеам поттикната од мудрост или од страв? Дали му дозволувам на моето дете да го живее својот живот, верувајќи дека тешките работи ќе донесат раст?
Премин од прекумерно заштитничка мајка на „доволно заштитнички настроена“
Тоа е она за што всушност станува збор – да научите да се ослободите од имањето контрола додека вашите деца растат. Тоа е како да го држите јажето за некој што одбива да го држи самиот – треба да го пуштате по малку додека тој се движи по планината.
И ние мора да се ослободиме или нашите деца ќе се заглават настрана! Мораме да веруваме дека ќе успеат. Сите нерамнини и модринки само ќе ги направат попаметни и посилни и ќе им дадат неколку приказни како лекции, кои некогаш ќе им ги раскажат и на своите деца.
Автор: Ана Бринк