Воспитување

Ликовите од „Светот на Биби“ ја красат градинката „Црвенкапа“ во Аеродром

Новата детска градинка „Црвенкапа“, лоцирана во Стар Аеродром во Скопје, доби нов изглед на внатрешноста и сега ја красат ликовите од „Светот на Биби“, соопштија од Општина Аеродром.

– Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби“ – истакнаа оттаму.

Од Општината додаваат дека градинката има капацитет за згрижување на над 200 деца, на површина од 1.700 квадратни метри, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.

Погледнете како изгледа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top