Жените што користат лекови за слабеење, како „веговој“, „оземпик“ и „моунџаро“, добија предупредување од британската Агенција за лекови дека мора да користат сигурна контрацепција. Не е познато дали овие лекови можат да му наштетат на нероденото бебе, но постои сомнеж дека можат да ја намалат ефикасноста на апчето за контрацепција, особено кај жени со прекумерна тежина.

Причината е што честите несакани ефекти како повраќање, дијареја и забавено празнење на желудникот може да ја намалат апсорпцијата на апчето. Затоа британската Агенција за лекови советува да не се користат овие лекови во бременост, при обид за бременост и за време на доење;
Советува да се користи дополнителна заштита (презерватив, спирала, имплант) барем во првите недели по започнување со терапијата.
Истражувањата врз животни укажуваат дека лековите може да му наштетат на плодот, но нема доволно податоци за луѓе. Агенцијата за лекови веќе има примено околу 40 пријави за неочекувани бремености поврзани со овие лекови.
Експертите предупредуваат дека лековите мора да се земаат само со рецепт и лекарски надзор, а не преку социјални мрежи. Се препорачува жените да разговараат со својот лекар или фармацевт за ризиците и безбедно планирање бременост.