Кога детето ќе се разболи – добива температура, му тече носот, кашла итн., а родителите обично внимателно ја следат ситуацијата, со цел да реагираат навреме и да го однесат на лекар ако состојбата почне да се влошува. Но, понекогаш е навистина тешко да се донесе одлука дали веднаш да се однесе детето на лекар или не бидејќи, се разбира, никој не ужива во тие посети на лекар, па затоа обично секој сака да го избегне тоа кога е можно.
Сепак, еден лекар тврди дека ако сте во дилема дали да го однесете вашето дете на лекар, секогаш е подобро да одите отколку да не одите. Покрај тоа, д-р Голи, педијатар од Мелбурн и татко на три деца, открил два предупредувачки знаци што не треба да ги игнорирате кај болно бебе:
-Тешкотии со дишењето и дехидрација. Тоа се две огромни „црвени знамиња“. Родителите мора да обрнат внимание на какви било промени во дишењето – дали детето дише потешко, побрзо, „погласно“. Секоја од овие промени бара веднаш да одите на лекар – вели тој.

Д-р Голи истакнува дека родителите треба да обрнат внимание дали градите на детето се повлекуваат кога дише, бидејќи тоа е знак дека навистина се мачи да дише.
Друг предупредувачки знак што никогаш не треба да го игнорирате е дехидрацијата. Тој предупредува дека децата можат многу брзо да дехидрираат и дека би било добро дома да имате некаков раствор за рехидратација што би можел да помогне.
Автор: Наташа Златковиќ