Здравје

Лекар покажува зошто е важно бебињата да поминуваат повеќе време на стомак

Експертите постојано истакнуваат колку е важно бебињата да поминуваат активно време превртени на стомак. Вртењето на бебето на стомак додека е будно помага да се спречи сплескување на главата, но придонесува и за зајакнување на мускулите што ќе му помогнат на бебето да почне самостојно да ја држи главата и да се сврти од стомакот кон грбот и обратно.

Сепак, не секој е свесен колку е важно времето поминато на стомак за развојот на бебето, па затоа д-р Мајкл Нарви објавил видео на „Тик-ток“ за да им покаже на сите родители. Имено, тој споделил видео од бебе кое не поминувало доволно време на стомакот, а како последица има плагиоцефалија или рамна глава.

-Ова е една од најдраматичните форми на плагиоцефалија што сум ја видел – рекол д-р Нарви, додавајќи дека тоа е познато и како израмнување на главата, кое може да се појави на едната или двете страни.

Watch on TikTok

-Ако бебето е поставено само на едната страна или на грб подолг временски период, ова може да биде резултатот. Оваа глава е рамна како линијар. Родители, ако ова не ве мотивира да го ставате вашето бебе повеќе на стомак, не знам што друго ќе ве мотивира – апелира докторот.

Многумина го коментирале видеото што го објавил д-р Нарви, признавајќи дека претходно не разбирале колку е важно бебето да поминува активно време свртено на стомакот.

Инаку, плагиоцефалијата се јавува бидејќи главата на бебето е мека и лесно може да ја промени формата. Општо земено, усогласувањето може да се запре со „спречување“ на бебето да спие во една положба, односно со вртење во различни позиции.

Неколку фактори што придонесуваат за израмнување на главата:

-ако бебето има напнати мускули на вратот
-поминува многу време во една позиција
-не поминува доволно време свртено на стомакот
-поминува многу време на седиштето во автомобилот, што го спречува да се движи слободно
-родено е предвреме, што значи дека черепот на бебето е помек.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top