Раѓањето бебе е најубавиот момент за секој родител. Сепак, овој прекрасен период е проследен со многу солзи, кои на родителите им предизвикуваат навистина голема мака. Кога бебето плаче, се обидуваме да ја препознаеме причината, проверуваме дали е гладно, што му треба, а понекогаш едноставно не можеме да го смириме. Доктор Роберт Хамилтон, педијатар од Калифорнија, нашол решение кое ги воодушеви родителите.
Тој нагласува дека одредено држење на бебето е решение на проблемот и дека бебето веднаш ќе се смири. Поентата е да го држите бебето во таа положба и малку да му ги поместите задникот и нозете, што веднаш ќе го смири.
Ова се инструкциите, чекор по чекор, за тоа како да го држите бебето:
-Ставете ги рацете на бебето на градите.
-Држете ги заедно со едната рака.
-Со другата рака држете го бебето за пелената така што ќе биде под агол од 45 степени.
-Задникот и нозете раздвижете ги малку.
Д-р Хамилтон вели дека оваа техника секогаш функционира, а идеална е за бебиња кои имаат помалку од три месеци. Потоа веројатно ќе ви биде тешко да го држите бебето во оваа положба.