Воспитување

Лабковски: Можете да одгледате среќни деца само ако и вие како родители сте среќни

Според психологот Михаил Лабковски, можете да одгледате среќни деца само ако и вие како родител сте среќни. Овој психолог е ценет поради неговата директност, но и затоа што со неговите зборови се поистоветуваат многумина. Еве што има тој да каже за воспитувањето на децата, но и за тоа каде понекогаш грешат самохраните мајки и како да ја поправат таа грешка.

Михаил Лабковски смета дека вашите постапки, комуникацијата и семејната средина ја формираат психата на вашето дете. Затоа е од огромно значење да се чувствувате добро и исполнето за вашето дете да има среќно детство. Неопходно е да го сакате детето и да му дозволите да ги развива сопствените цели и интереси.

Децата се посреќни кога имаат родители кои ја сакаат сопствената работа и активностите што ги прават со нив. Лабковски советува децата да добиваат џепарлак од шестгодишна возраст за да научат да управуваат со парите и да поставуваат приоритети. Покрај тоа, неопходно е да се земе предвид мислењето на детето и да му се даде чувство за важноста на сопственото мислење.

Прекумерната родителска контрола може да има последици

Прекумерната родителска контрола може да има спротивен ефект и да доведе до зависност од туѓото мислење. Важно е да се создаде доверба меѓу родителот и детето и да не му се наметнува вашето мислење на детето. Децата треба да создадат чувство за важноста на нивните мисли и чувства.

Исто така, Лабковски нагласува дека децата не се раѓаат со способност за кажување лаги, туку ги стекнуваат со текот на времето, кога се плашат од реакцијата и последиците на родителите. Ако сте самохрана мајка, нема потреба да ја преземате улогата на татко. Доволно е да му објасните на детето дека таткото го сака и да не искажувате негативни мислења за него.

На крајот на краиштата, воспитувањето на детето е обврска на родителите, а среќата на детето зависи од среќата на родителите. Родителите треба да создадат позитивна средина и да го поттикнуваат развојот на интересите и целите на своето дете, за тоа да прерасне во среќна и исполнета личност.

Автор: Селена Рибиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top