Здравје

Квалитетна облека и здрави кашички – прашања на кои одговара педијатар

Нема тема што ќе поттикне поголема расправа од онаа што се однесува на децата. Од нега на кожата, исхрана до воспитни методи…баш секој има свое мислење и мисли дека е во право. Истовремено, трендовите молскавично се менуваат, па она што денес е апсолутен хит, утре веќе не вреди. Родителите буквално се бомбардирани со информации, пречесто и контрадикторни, па педијатарот Миливој Јованчевиќ открива на што треба да се обрне внимание кога се во прашање негата, исхраната, но и сè друго на што ја изложуваме нежната детска кожа, вклучувајќи го и квалитетниот памук во кој ги облекуваме децата.

Кога се работи за одржување на хигиената, основни средства се водата и козметичките препарати наменети за нега на нежната детска кожа. Сапуните и шампоните не би требало да содржат конзерванси, вештачки бои, мириси, алкохол и други хемиски комбинации. Во тоа навистина не е лесно човек да се снајде, но препаратите на реномираните производители кои имаат сертификат за дерматолошка исправност имаат предност – советува д-р Јованќевиќ, кој во последните години, меѓу другото, најмногу се занимава со проблематиката на дебелината, слабокрвноста и со тоа како неповолни фактори од околината влијаат врз растот и развојот на децата. Имено, освен медицинското здравје (телесно и душевно), важен е и сеопфатен (холистички) пристап, а за тој концепт на превентивна педијатрија, исхраната секогаш е најинтересна тема.

Кога да се започне со дохрана, со кои намирници да се почне прво, што кога бебето одбива некои намирници… стотини недоумици на родителите, но д-р Јованчевиќ открива што е сепак, најважно.

– Како за децата, така и за трудниците и доилките, важно е да се користат намирници од органско производство. Индустриски обработената храна треба да се избегнува и да ѝ се даде предност на здравата, природна храна. Со тоа се намалува ризикот од неповолно дејствување на бурните и чувствителни процеси на ран раст и развој на детето. Органските кашички се даваат по 6 навршени месеци, родителите сами може да ги подготват, при што се чини дека е најдобра термичката обработка со готвење на пареа. Готовите кашички се практично решение во периодот на приспособување на нови вкусови и текстура на храна, кога детето ќе изеде само неколку лажици или подоцна кога може да се послужи како меѓуоброк или како главен оброк во ситуации кога нема услови за нивна подготовка дома. Готовите органски кашички, благодарение на посебната технологија за производство, не содржат конзерванси – советува д-р Јованчевиќ.

Извор

Поврзани написи

To top