Воспитување

Квалитети на кои треба да ги учите своите деца, а се поважни од оценките

Ако вашето дете не ги добие сите петки, можеби ќе бидете разочарани, но има квалитети кои се поважни од тоа.

„Иако е сосема природно да се чувствуваме разочарани, треба да ги оставиме настрана нашите емоционални реакции и да бидеме мирно и безбедно засолниште за нашите деца“, вели психологот Сузи Ридинг.

Нејзината порака е дека оценките не се сè. Образовниот консултант Гема Кембел се согласува.

„Иако тестовите можат да бидат многу важни, треба да знаете дека тие не се единственото мерило за успех. Има многу неверојатни квалитети кои стандардните испити не ги мерат – издржливост, решителност, смисла за хумор, љубопитност, храброст, сочувство и добрина“, додава Кембел.

И еден ден, кога детето ќе порасне и ќе излезе на пазарот на труд, има некои навистина вредни вештини и особини кои работодавците ќе ги ценат, а кои немаат врска со оценките.

Креативност

На пример, креативноста е најважна за иновациите.

„Во деловно опкружување кое брзо се развива, креативноста е вредна предност. Мотивирањето на нашите деца да размислуваат надвор од рамката, да се сомневаат во воспоставените норми и да истражуваат алтернативни решенија, се работите што го негуваат нивниот креативен потенцијал“, вели Сара Остин, директорка на Британските награди за деловна извонредност.

Страст

Ако има нешто што му се допаѓа на вашето дете, поттикнете го да го следи. Тоа може да помогне во искористување на многу други корисни вештини, како што се љубопитноста, решителноста и фокусот.

„Една од највредните вештини што една личност може да ја поседува е страста. Поттикнувањето на нашите деца да ги истражуваат своите интереси и да ги следат нивните страсти, ќе го запали пламенот во нив, а кога прават нешто што навистина го сакаат, поверојатно е да го вложат своето време и труд и да успеат“, вели Остин.

Отпор

И конечно, разочарувачките оценки можат да бидат пречка, но начинот на кој детето реагира на нив може да покаже една од најважните вештини кај него – издржливоста.

„Соочувањето со предизвици и неуспеси, способноста за отскокнување и упорноста се клучни вештини. Поттикнувањето на издржливоста кај децата ќе им даде алатки за да ги надминат пречките и да се движат низ непредвидливата природа на деловниот свет. Додека оценките можат да обезбедат привремена мерка за успехот, упорноста и одлучноста да се продолжи напред е она што навистина ги одвојува извонредните лидери од другите“, заклучува Остин.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top