Жителите на Грузија го прогласија кучето-скитник за јунак откако неколку пати го снимиле како им помага на децата да ја преминат улицата.
Кучето се вика Купата (колбас), а е снимено во градот Батуми.
– Тој својата работа си ја сфаќа сериозно и тука е секој ден. Сите го сакаат и го хранат – велат луѓето што се грижат за него.
Почнале да го снимаат пред еден месец, а сакале на сите да им покажат дека не сите кучиња-скитници се опасни.
На снимката се гледа како кучето лае за да ги предупреди возачите на автомобилите пред заедно со децата од градинка да помине на пешачкиот премин.
– Некогаш знае да чека и по еден час само за безбедно да ја преминат улицата. Лојален е и внимава на децата – велат луѓето што го хранат.