Воспитување

Кристина Агилера вели дека нејзината ќерка претпочита „мајка без шминка“

Природната убавина е нешто посебно, нешто што можат да го видат само оние што гледаат со срцето. Таа природна убавина во нас најчесто ја гледаат нашите деца. Според нив, не е потребна шминка или дополнително негување – тие нè сакаат токму такви какви што сме.

И децата на Кристина Агилера мислат така, а таа вели дека нејзините деца најмногу ја сакаат кога таа ја прифаќа својата природна убавина. Кога неодамна се појавила во шоуто на Џенифер Хадсон, Агилера разговарала за тоа како нејзините деца Макс Лирон, 17 и Самер Рејн, 10, ѝ помагаат да остане приземјена и скромна, и споделила дека сака да „учи преку нивните очи“.

Таа нагласила дека нејзините деца ја гледаат секоја страна од неа, а кога станува збор за тоа која верзија ја претпочитаат, Агилера открила дека нејзината ќерка, која ја дели со свршеникот Мет Ратлер, обожава кога таа се ослободува од својот гламур и е мајка.

-Омилената страна на Самер кај мене е мајката без шминка. Штом ќе завршам со снимањето или што и да е, таа ми вели: „Добро, можеш ли да го тргнеш тоа? Време е за убав одмор.“

Додала и за уште една забавна забелешка од нејзината ќерка.

-Таа ги обожава моите пеги, а јас многу ги покривам. Дури и прашува: „Дали еден ден ќе имам пеги?“

Но, кога станува збор за нејзиниот син, кој го дели со поранешниот сопруг Џордан Братман, Агилера вели дека не било лесно да се заработат „поени за кул мајка“.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top