Здравје

Креиран лего-скенер за магнетна резонанса за полесна дијагностика кај децата

„Лего“ започна трогателен проект за олеснување на медицинските прегледи за најмладите. Идејата за лего-скенерот за магнетна резонанса првпат се појави минатото лето благодарение на напорите на Ерик Улерлунд Стаер, кој верувал дека може да му помогне на медицинскиот персонал да ги подготви децата за лекување.

– Ова би ја намалило нивната анксиозност и би го направило нивното искуство посреќно, поразиграно и помалку страшно. Моделот на МРИ сега го развиваат вработените низ светот за да го дистрибуираат до нивните локални болници – се вели на веб-страницата на компанијата.

Фрејзер Ловат, вработен во „Лего“, се огласил на „Твитер“ за да сподели повеќе за моделот.

„Имам мал проект за викендот – Лего донира модел на скенер за магнетна резонанса на болничките одделенија за радиологија за да им помогне на децата кои се анксиозни да го разберат процесот на дијагностика. Треба да го изградам!“, напишал тој.

Ловат потврди дека комплетот нема да биде достапен како производ за купување и дека ќе биде дониран во болнички единици. Инструкциите за скенерот, исто така, нема да бидат достапни на интернет.

Се состои од два главни дела: на едната страна има лице кое влегува во скенерот, а на другата има лекар кој ги набљудува резултатите од скенирањето. Скенерот може и да се отвори за децата подобро да ги разберат машините. Оригиналната објава на Ловат собра илјадници лајкови и коментари.

„Лего МР-скенерот ѝ помогна на мојата седумгодишна ќерка да се чувствува удобно при неодамнешната магнетна резонанса на мозокот“, напишал тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top