Кога децата се малечки, немаат вистински концепт за пари. Па, се обидувате да им кажете дека мама и тато не можат да си дозволат нешто во моментот, или „можеби за твојот роденден“ и се надевате дека ги учите на малечки лекции за парите кои ќе им се најдат кога ќе пораснат. На пример, може да кажете „Парите не растат на дрво“ или „Вработи се“.
Тоа е она што Шакета Марион Мекгрегор им го кажала на своите деца. Во објава на „Фејсбук“ која стана вирална Мекгрегор напишала:
„Моите деца продолжуваат да бараат нов мобилен телефон и џепарлак за да одат каде што сакаат. Вчера им реков дека ги слушам нивните барања и дека имам изненадување за нив кога ќе се вратат од училиште. ИЗНЕНАДУВАЊЕ! Се работи за целосна активност за најмување – ако го сакаш, работи за тоа, заработи го! И да, исто така, имам и домашна кредитна линија“.

Оваа мајка одржала саем за вработување во домот и нуди позиции како „менаџер во кујна“, „водечки домаќин“ и „надгледувач на перењето облека“. Одржале интервјуа во „собата на мама“ и нејзините деца пополниле апликации за работата што ја посакувале. Нејзината „компанија“ се нарекува „Оваа мајка значи бизнис“ и како дополнување на понудените работни позиции таа има и своја кредитна унија. Се разбира дека се нарекува Кредитната унија на мама и намерата е да помогне со кредит за да се изгради заштеда, но и карактерот и личноста.

Родителите што биле воодушевени од овој потег оставиле повеќе од 30 илјади коментари и 112.000 споделувања на „Фејсбук“. Еден татко напишал дека сака да започне со отворање „ривалска компанија“. На некои родители им се допаднала идејата да ги научат децата за заработувањето пари на млади години. Всушност, со овој нејзин потег таа им дала нов начин на родителите за размислување во однос на тоа што да направат кога децата ќе им бараат пари.