Децата имаат голема имагинација, а еден уметник помага нивните визии да станат реалност. Речиси две децении Виолета Василевичиут-Посиена од „Виолетаоул“ создава плетени кукли врз основа на детски цртежи. Резултатите се неодоливи и истакнуваат како овие мали уметници се неоптоварени со нешта како реалниот животен обем и пропорција за да направат скици кои се целосно уникатни.
Ни еден цртеж не е ист. Понекогаш тоа значи дека Виолета треба да сплете жирафа со преголема глава и огромни очи. Но, другпат работите се уште поубави со летечки еднорог кој има прекрасни локни. Без оглед на тоа колку елементи има на цртежот, Виолета сите ги доловува додека плете.







