Игротека

Креативен татко направил забавен парк во дневната соба

Со само една кутија и бујна фантазија и креативност, еден татко успеал од својата дневна соба да направи мини забавен парк за неговата ќерка.

Имено, тој ја ставил својата ќерка во кутијата, а на ТВ-екранот пуштил видео од вистински забавен парк и адреналинско возење на луда железница. Додека камерата го следи возењето на екранот, тој ја мрда кутијата во која е неговата ќерка за таа да се чувствува како да е дел од тоа возење.

Најдобро од сѐ е изразот на лицето на малата Холи, која добива вистинско адреналинско искуство од удобноста на својот дом благодарение на нејзиниот креативен татко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top