Ученичката Мира ги воодушеви интернет-корисниците на социјалните мрежи откако се појави нејзиниот одговор на контролната задача по математика.
Имено, Мира ја решила првата задача точно, но во втората забележала дека нешто не е во ред.
– Џејн има 12 боички, а Ким има седум боички. Колку боички повеќе има Сузан од Ким? – пишува во задачата.
Мира внимателно ја прочитала задачата и видела дека наставникот направил збрка со имињата на девојчињата, а потоа следувал нејзиниот одговор кој ги насмеал корисниците на социјалните мрежи.

– Која е Сузан? – напишала девојчето во одговорот.