Ако ги проучите листите со најпопуларни имиња кои родителите ги избираат за своите новороденчиња, ќе забележите дека името Миа со години е на самиот врв.
Значењето на ова име се толкува на неколку начини. Една од претпоставките е дека се работи за скратена варијанта на името Марија. Според ова толкување, името е симбол на чиста и длабока љубов. Но, можно е и името да е од египетско потекло од зборот „mry“, што значи сакан или оној што е сакан. На романските јазици „миа“ значи моја, а на грчки зборот „меа“ значи „моја“ или „само една“.
Името Миа е во топ-10 избори на новите родители низ целиот регион, а до крајот на 80-тите години било многу ретко во Европа. Во Германија е во првите 10 од 2007 година. Тоа е најпопуларниот избор и во Швајцарија и во Шпанија.