Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на коронавирус. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
– Скопје – 312
– Куманово – 200
– Дебар – 49
– Штип-27
– Прилеп –72
– Тетово – 33
– Струга – 43
– Велес – 30
– Битола –9
– Охрид –4
– Кавадарци – 3
– Гостивар –8
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 21
– Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.