Воспитување

Контроверзниот стил на воспитување од почетокот на 21 век повторно е во тренд. Психолог вели дека тоа е екстремно

Ако го пребарате поимот командантско родителство, ќе наидете на неколку написи од д-р Фил од првата деценија на 21 век. Иако се смета за застарен, овој стил на воспитување интригира сѐ повеќе родители денес.

-Како и повеќето екстремни форми на родителство, командантското родителство се фокусира на еден аспект од воспитувањето на децата, а тоа е управувањето со лошото однесување. Ја поттикнува родителската контрола врз децата и употребата на сите расположливи средства. Го игнорира фактот дека децата се човечки суштества со свои сопствени мисли, преференции, желби и емоции – објаснува психологот Џесика Стерн.

Таа вели дека целта на командантското родителство е да се постигне зацртаната цел, без разлика на сѐ.

-Командантското родителство првично беше предложено од д-р Фил како стратегија за справување со несаканото однесување на детето. Менталитетот на тоа родителството е „да направите сѐ што е потребно“, „никогаш да не се повлекувате“ и да ги натерате децата да го променат своето однесување користејќи какви било средства – тврди Стерн.

Основниот концепт е празнење на детската соба. Односно, детето во собата може да има основни работи, а сѐ друго треба да се „заработи“ со добро однесување.

-Овој стил се карактеризира со строга контрола и строго спроведување на правилата, со јасни очекувања. Родителот вади сѐ од детската соба, зема сѐ што им се допаѓа и во што уживаат децата. Само душекот, ќебето и перницата можат да останат во собата – вели Стерн.

На децата им е потребна социјална интеракција

Во почетокот на 21 век Џон Вотсон ги советувал родителите да ја поттикнуваат независноста кај малите деца на овој начин:

-Никогаш не гушкајте ги и не бакнувајте ги, никогаш не дозволувајте да ви седат в скут. Ако морате, бакнете ги еднаш во челото кога ќе кажат „добра ноќ“. Ракувајте се со нив наутро.

Во 2024 година ова не е баш препорачаната воспитна практика за модерната генерација.

-Децениските истражувања за развојот на детето покажаа дека Вотсон погрешил. На децата им е потребна социјална интеракција – вклучително и допир: за сè, од здрав физички раст до добри социјални вештини – објаснила д-р Стерн.

Кога станува збор за придобивките од командантското родителство, три работи се издвојуваат: постојаните награди и казни подразбираат разбирање на очекувањата, се поставуваат граници и се обезбедува структура, а одговорноста се развива преку дисциплина.

Сепак, има многу повеќе недостатоци.

-Децата пораснати во оваа средина може да чувствуваат дека не им е дозволено да прават грешки или слободно да се изразуваат, што може негативно да влијае врз нивното чувство за себе и нивната способност да формираат здрави врски – објаснува советничката Мишел Џордано.

Децата го имитираат однесувањето на нивните родители

Овој стил може да ја намали самодовербата, да предизвика проблеми со менталното здравје, како и неразвивање емоционални вештини и рефлектирање динамика изградена на моќ.

-Командантското родителство моделира употреба на моќ за контрола на друго лице, им нанесува емоционална болка на другите, учи на решавање конфликти преку сила наместо со преговарање и жртвува добри односи за да го добиете она што го сакате. Немојте да се изненадите ако вашето дете го имитира однесувањето што го искусува од вас – со браќата, сестрите и врсниците на училиште – предупредува Стерн.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top