Воспитување

Контроверзен кинески метод на воспитување се шири низ светот

Сѐ повеќе распространет на Далечниот Исток, стилот на родителство наречен „chicken blood“ (пилешка крв) е нов тренд во родителството и прашање на време е кога ќе се прошири во западниот свет.

Трендовите во родителството постојано се менуваат, и во денешно време, со зголемената моќ на медиумите, идеите се движат многу побрзо од едниот крај на светот до другиот. Сосема контроверзно, овој метод преовладува меѓу кинеските родители.

Оригинално наречен „јива“, овој метод на Истокот се развива со брзина на светлината. Најистакната карактеристика на овој метод на родителство е изразената грижа. Некои критичари го класифицираат овој метод како опсесивен. Родителите што го спроведуваат целосно ја планираат содржината на денот за своите деца во фази кои траат по петнаесет минути, со постојан напор да го извлечат најдоброто од своето дете. Секоја активност е внимателно испланирана и насочена кон поттикнување на успехот и совршеноста на детето во одделни области.

Името на овој стил на родителство доаѓа од древниот кинески медицински метод што се користел до 50-тите години. Тие практикувале инјектирање пилешка крв во крвта на една личност за да ја поттикнат енергичноста.

Интервенција на државата

Постојат извештаи кои велат дека кинеските семејства трошат помеѓу една четвртина до половина од вкупниот приход за образование и образовни активности на своите деца. Ова оди во прилог на приватните училишта, но поради овој тренд, луѓето имаат помалку деца. Причината е што овој стил им одзема премногу време, енергија и пари, додека кинеската Влада во последно време се обидува да ги мотивира родителите на спротивното.

Ова доведе до ограничувања на образовните активности во приватните училишта, но родителите што користат метод на „пилешка крв“ се охрабруваат да бараат од нивните деца да напредуваат уште повеќе во одредени активности. Тоа е дефинитивно еден од најекстремните стилови на родителство, и само времето ќе покаже како тоа навистина функционира за идните генерации.

Извор

Поврзани написи

To top