Игротека

Контрацепција – како да се заштитите по породувањето?

Кога жената ќе роди, она што во прво време по породувањето не ѝ е на ум е сексот.

Колку и да го сакате својот партнер, таа зона извесно време ќе остане недопрена и сосема е природно да се чувствувате така. Но, ќе дојде момент кога ќе посакате близина, но не и нова, брза бременост. Токму тогаш е важно да знаете како да се заштитите и која контрацепција е најдобра за вас.

По породувањето, за поголемиот дел од жените сексуалните односи и користењето контрацепција не се приоритет. Кога зборуваме за контрацепција по породувањето, најчесто се мисли на првите 12 месеци. Приближно толку му треба на женското тело да закрепне од претходната бременост, а толку е и минималната препорачлива разлика помеѓу две бремености.

Постојат хормонски, бариерни и природни методи на контрацепција. Кој вид ќе го изберете, најмногу зависи од тоа дали доите или не, колку време поминало од породувањето и дали имате некоја болест.

Без оглед на бременоста, се препорачува со сексуални односи да се почека неколку недели, барем додека не престане крвавењето за да не дојде до воспаление. Во тој период грлото на матката полека се затвора, а додека е отворено, патот за инфекција кон матката е многу полесен.

Дали доењето штити од бременост?

По правило да, но тоа не е метод на кој треба да се потпреме. Моментот кога доилката ќе ја добие првата менструација по породувањето е индивидуален. Некои жени добиваат менструација по два месеца, а некои не крвават и до година и пол иако дојат со ист интензитет.

Жените што добиле тромбоза во бременоста не смеат да користат никаква хормонска контрацепција и треба да размислат за вградување спирала. Исто така, ако во бременоста се појавиле висок притисок, шеќер или друга болест, треба да се почека тие параметри да се стабилизираат.

Сосема е можно методот што сте го користеле пред бременоста повеќе да не смее да се користи.

Во првите 4-6 недели не се препорачува користење хормонска контрацепција или спирала

Толку трае периодот на намалувањето на матката. Дополнително, и по породувањето одредено време постои зголемена склоност кон тромбоза, а хормонската контрацепција може уште повеќе да ја зголеми.

Ако доите, не се препорачува користење класични контрацепциски пилули бидејќи нивните метаболити преминуваат во мајчиното млеко.

Вградување спирала е возможно, но дури по шест недели од породувањето. Тоа значи дека не мора да чекате прва менструација.

Природни методи на контрацепција

Следење на циклусот е невозможно сè додека не добиете прва менструација, а и првите неколку менструации може да бидат неправилни. Затоа, во тој период, единствени опции се користење кондоми.

Дијафрагмата е добра метода во комбинација со спермицид, но последниве години е сè помалку популарна.

Извор

Поврзани написи

To top