Вонредната состојба предизвикана од појавата и ширењето на коронавирусот ги зафати сите сектори, особено здравствениот, не само во регионот, туку и во целиот свет.

Исто така, побарувачката за производи за хигиена стана далеку поголема од вообичаената, па затоа е важно компаниите и брендовите вклучени во производството на овие производи да ја препознаат потребата и да помогнат таму каде што е најпотребно.

Водејќи се од ова, компанијата „Виолета“ одлучи да поддржи дел од здравствените установи со тоа што ќе донира хигиенски производи од својот асортиман.

Донациите се наменети за Клиниката за инфективни болести во Државната болница во Скопје, која ќе добие резерви од течен сапун, хартиени бришачи, тоалетна хартија и медицински ролни.

Покрај тоа, донација има и за родилиштата „Мајка Тереза“ – Чаир и Државната болница за гинекологија и акушерство – Скопје, каде што покрај тоалетна хартија, хартија за раце, течен сапун и медицински ролни, ќе бидат поделени и пелени и влажни марамчиња за бебиња.

Компанијата „Виолета“ соработува со родилиштата, каде што секое новороденче добива пелени и влажни марамчиња од овој бренд.

Од компанијата „Виолета“ порачуваат дека е важно да имаме друштвена одговорност, но и одговорност како индивидуи, бидејќи ова е ситуација кога можеме сите да придонесеме и да помогнеме. Треба да ги поддржиме нашите вистински херои што работат во здравството и секој ден се борат на фронтот, ако ништо друго да ги почитуваме мерките за безбедност и да внимаваме на себеси и на луѓето околу нас.



912

X