Земајќи ја предвид добрата епидемиолошка состојба во државата, вклучително и детските градинки, каде што со недели нема ниту еден позитивен случај, Министерството за труд и социјална политика упати допис, барање до Комисијата за заштита од заразни болести за промена во протоколот, по однос на ова прашање-посочуваат од МТСП

Да се дозволи вклучување на клима уредите во просториите каде престојуваат децата во градинките, особено во овој летен период кога земјата се наоѓа во портокалова фаза и кога температурите надминуваат 40 степени Целзиусови. Ова го бараат Министерството за труд и социјална политика -МТСП од Комисијата за заштита од заразни болести. Деца.мк вчера објави за реакцијата на група родители кои бараат промена на протоколите за заштита од ковид-19, односно да може просториите во градинките да се разладуваат со клима-уреди.
Во одговорот на прашањето што го испративме до МТСП се вели дека согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, наведено е редовно, во согласност со временските услови да се применува природно проветрување на просториите во детските градинки, преку отворање на прозорците и да не се користи вештачка вентилација.

-Земајќи ја предвид добрата епидемиолошка состојба во државата, вклучително и детските градинки, каде што со недели нема ниту еден позитивен случај, Министерството за труд и социјална политика упати допис, барање до Комисијата за заштита од заразни болести за промена во протоколот, по однос на ова прашање-посочуваат од МТСП.

Надлежните во градинките се соочуваат со казни ако ги прекршат протоколите за работа и ако во услови на пандемија вклучат клима, но и со поделени реакции меѓу родителите чии децата таму престојуваат.


Тие наоѓаат решенија како да работат во соодветни, но и пријатни услови и за нив и за децата, па така често ги проветруваат просториите, но и пуштаат прочистувачи на водухот.
Сепак, потенцираат и дека има многу родители кои не сакаат нивните деца да седат во просториите додека работат клима уредите, зашто ги гледаат како извор на бактерии и можност нивните деца да се разболат.



912

X