Иако денес повеќе од кога било се грижиме за нашите најмлади, се чини дека тие сè помалку нè почитуваат. Зошто е така и кој е виновен за ваквата појава, објаснува познатиот украински педијатар Евгениј Комаровски.

Ако ги прашате возрасните, повеќето ќе ви кажат дека денешните деца дефинитивно не знаат како да покажат почит кон своите родители – барем не онака како што постарите генерации морале да покажат кон своите, а за минатите генерации и да не зборуваме.

-Нашиот постар син, кој има седум години, често се однесува грубо кон нас, без никаква почит. Често му одговара и се однесува кон својот татко на арогантен начин. Ве молиме кажете ни што да правиме, како да го промениме тоа?

Ова прашање му го поставил родителски пар на светски познатиот педијатар.

Докторот Евгениј Комаровски накратко одговорил:

-Ако сакате вашиот син малку повеќе да го почитува својот татко, тоа нема да го добиете во теорија. Можете да му кажете што сакате на вашиот син, но само кога вашиот син ќе доживее ситуации во кои неговиот татко знае повеќе од него, во кои неговиот татко може да направи повеќе, подобро, во кои тој ќе ја покаже својата интелигенција, својата машкост, во кои навистина ќе го научи вашето дете на нешто, синот тогаш ќе може да научи да го цени тоа.

А тоа никогаш нема да го научи ако таткото не е покрај него.
Современите татковци работат многу и имаат многу малку време за своите деца, бидејќи заработуваат пари. Сепак, детето сè уште не може да го сфати тој концепт бидејќи реално сè уште не знае ништо за реалниот живот. Ништо за тоа не научил од татка си.

Почитта не се учи со зборови, таа се заработува со дела.

Извор



912

X