Спиењето е физиолошка потреба на секоја личност. За децата, сонот е многу корисен, но често целото семејство страда од лошиот сон на децата.
Кога треба да одат на спиење?
Проблемот е во тоа што станува сè потешко да се стават децата в кревет во вистинското време. Тие практично никогаш не се разделуваат од паметните телефони, таблети и компјутери, па се маѓепсани од бескрајниот свет на забавата. Треперењето на овие уреди му испраќа сигнал на мозокот дека не е време за спиење, а детето и натаму е будно, наместо да заспие и да добие сила за следниот ден. Научните истражувања јасно покажуваат дека децата што доцна заспиваат стануваат раздразливи и анксиозни, тешко се концентрираат на нешто, имаат тешкотии во учењето и стануваат нервозни. Тоа не е единствената причина зошто е толку важно децата да одат на спиење навреме.
Во детството телото брзо се развива. Ова се однесува не само на физичкиот, туку и на психолошкиот раст. Во првите години од животот детето усвојува огромна количина на информации и стекнува нови вештини со брзина што не можат да ја достигнат возрасните. А тоа е последица на хормонот на раст, кој се создава во телото 2-3 часа откако што детето заспива и дејствува главно ноќе.
Најдобро време за ослободување на овој хормон е полноќ. Затоа, ако детето легне в кревет подоцна од 21 часот, производството на хормони се прекинува во неговото тело и хормонот едноставно нема време да ја изврши својата функција. Ова може да доведе до намалување на физичката активност на детето, или обратно, до хиперактивност, бидејќи психолошката стабилност е нарушена. Исто така, доцното легнување негативно влијае врз развојот на интелигенцијата на детето. Затоа, организмот мора да се одмара ноќе, а целото семејство мора да го прави тоа заедно со детето.
10 правила за добар сон
Поставете приоритети – детето не би требало да спие по цена на несоницата на мајката и таткото. Златниот сон за децата е здрав и сладок за сите членови на семејството.
Направете правилен распоред на спиење – образецот на спиење во семејството се формира во зависност од тоа кога е погодно да се спие, не само за детето, туку за целото семејство. Впрочем, на детето најмногу му е потребен добар сон, но и здрави родители. Одредете заедно кога во вашето семејство ќе се гасат светлата и строго следете ја одлуката што сте ја донеле.
Одлучете каде да спие и со кого – се разбира, прашањето: Дали детето треба да спие одвоено или со родителите? е многу индивидуално. А најдобро е детето да спие во своето креветче и по можност во своја соба.

Не плашете се да го разбудите спанкото – Ако бебето во текот на денот спие подолго, а ноќе не може да заспие, не дозволувајте му да спие во текот на денот – разбудете го спанкото.
Оптимизирајте го хранењето – ако вашето дете е поспано по јадење, погрижете се храната да биде густа.
Напорен ден – секој ден нека му биде интензивен и физички и емоционално, но соодветно, на вашето дете.
Размислете за воздухот во спалната соба – оптимална температура во просторијата би требало да биде 18-21 степен, а влажноста на воздухот помеѓу 50-70 проценти.
Искористете ја можноста за бањање – студена бања пред спиење, што може да биде подобро?
Подготовка на креветот – мазен, густ и цврст душек, природна постелнина, а ако вашето дете е помало од 3 години, тогаш може да спие и без перница.
Водете сметка за поквалитетни пелени – за најмалите е важна и квалитетната пелена, на неа не треба да штедите.
Здравиот сон на детето е гаранција за среќа и добра микроклима во целото семејство.