Се разбира дека нема ништо лошо во одење на годишен одмор, но тој годинава не може да биде приоритет. Она што можеби звучи чудно, може да биде олеснување, особено за годинашниот летен одмор: Дури и вообичаените активности во домаќинството, како што се готвење или работа во градината, може да донесат радост кај најмладите

Сезона е на годишни одмори, но наместо безгрижното патување на целото семејство во странство на море, како и секоја година, одморот во 2020 година подлежи на многу ограничувања, почнувајќи од затворени граници, па до наоѓањето соодветни алтернативни решенија. Не смееме да го занемариме и тоа дека корона-кризата имаше негативно влијание врз децата и младите.

Сите со нетрпение ги очекуваме летните одмори, но оваа година не само што беше потешка од претходните за планирање на одморот туку и изборот на летувалишта останува ограничен. За многу семејства во фокусот на проблемите се откажаните патувања како последица на пандемијата која, за жал, уште не стивнува и повторно зема замав. Не смееме да занемариме дека и контактот со пријателите се одвива во поинакви околности од вообичаените, па безмалку секое семејство има постојана грижа од можниот втор бран на пандемијата. Исто така, децата и младите мораа да се приспособат на неочекуваните рестриктивни мерки, првично проследени со учење од дома и меѓусебна физичка оддалеченост, а во некои случаи кај децата на помала возраст имаше и социјална оддалеченост. Родителите, во меѓувреме, по укинувањето на вонредната состојба во јуни се вратија и физички на своите работни места. На тој начин тоа што може да го зајакне семејството, од една страна, може да стане товар на подолг рок, од друга страна.

Стефан Симовски

Не смееме да го потцениме тоа дека учениците долг период беа без физичка настава во училиштата, а исто така и децата од предучилишна возраст се дома веќе пет месеци. Мора да имаме предвид дека на децата им треба одмор и време за себе, особено во несекојдневни ситуации како оваа. Децата треба да имаат шанса да се исклучат за да го процесираат искуството. Секој што мисли дека годишен одмор во пандемија е непотребен, греши.

Дајте им на децата време за себе!

Дури и возрасните беа принудени да работат од дома. Тоа што беше најтешко да се поднесе беше карантинот за празниците кој во голема мера влијаеше врз секојдневниот живот. Се разбира дека сонот, односно спиењето најдобро ги „полни батериите“. Но, на децата им треба и слобода за да го организираат своето време и да се ослободат од стресот. Одморот промовира креативност и одвраќање од кризата. Малку поголема слобода им помага на децата да го остават секојдневниот училиштен живот зад себе. Во исто време центрите во мозокот кои се важни за учење на тој начин може побрзо да се регенерираат, затоа што учењето од дома претставуваше голем напор за многу родители исто како и за учениците. Учењето од дома значеше и секојдневно самостојно пишување домашни задачи, но и учење во тешки услови.

Понекогаш помалку е повеќе

Се разбира дека нема ништо лошо во одење на годишен одмор, но тој годинава не може да биде приоритет. Она што можеби звучи чудно, може да биде олеснување, особено за годинашниот летен одмор: Дури и вообичаените активности во домаќинството, како што се готвење или работа во градината, може да донесат радост кај најмладите. Разигран предизвик за заедничко задоволство може да биде дури и заедничко печење пица или одење на излет во природа.

Сите активности што се поврзани со чувство на обрнување внимание на детето се исклучително важни. Таквите активности вклучуваат, на пример, играње заедно, качување по дрвја или одење на прошетка. Децата не треба да бидат под притисок бидејќи не станува збор за уништување на чувството за неискористеност на летниот одмор. Мотото ова лето е „Помалку е повеќе!“
Ниту родителите ниту децата не треба да бидат под притисок дека по секоја цена мора да одат на одмор во некое туристичко место.

Дали да патуваме?

Но, што е со патувањето ова лето? Патувањето во странство без стрес годинава изгледа дека е невозможно, со оглед на заштитните мерки што владеат во секоја земја. Дури и ако се смета за релаксација одморот во странство, сепак, ризикот да поминеме дел од одморот во четири ѕида постои.

Но наместо да се разочаруваме, може да бараме алтернативни решенија. И во Македонија има интересни места каде што успешно можеме да ја задржиме потребната физичка дистанца. Се разбира, многу излетнички места, паркови, забавни паркови и Зоолошката градина во Скопје повторно се отворени и може да бидат посетени од семејството, иако тоа е проследено со обврска за задолжително носење заштитна маска. Одење на плажа е релаксација, а ако времето не соработува, може да се опуштиме попладне со играње друштвени игри. Сево ова е забавно и за родителите и за децата.

Автор: Стефан Симовски, професор по германски јазик и книжевност



912

X