Злоупотребата и занемарувањето на децата доаѓаат во различни облици, а еден од нив е телесното насилство. Телесното насилство е лесно да се забележи бидејќи децата имаат видливи повреди и рани, па во тешките облици на злоупотреба се наоѓа непосредно загрозување на здравјето, животот и сигурноста на детето. Истовремено, емоционалното злоупотребување на остава видливи модринки и повреди, а знаеме дека може да доведе до фатални последици врз животот и здравјето, како ментално така и телесно.

Телесното насилство речиси секогаш е проследено со емоционално насилство, занемарување и/или други облици на штетно постапување кон децата.

Од друга страна, во нашата култура и понатаму е прилично застапено телесното казнување на децата. Иако веќе долго време законски е забрането и иако постојат многубројни здравствени докази за штетноста и неефикасноста на ќотекот, многу родители го користат телесното казнување и во тоа не гледаат ништо лошо. Често наведуваат дека и самите биле телесно казнувани и дека ништо не им фали, се жалат дека децата денес имаат премногу права па одгледувањето без тепање често се изедначува со одгледување без граници, што никако не е исто.

Едно од детските права е токму тоа да имаат граници, јасно водство и структура, но тоа треба да се постигне без примена на насилство. Децата што се телесно казнувани се за 10-15 пати во поголем ризик дека ќе бидат и телесно злоупотребени, покажуваат истражувањата. Причината е во тоа што границата е многу тенка. Колку удари или силни удари или удари со/без повод точно одредуваат што е казнување, а што злоупотреба/насилство? Ова е особено точно за мали деца кога навидум мала сила може да дејствува како едукативна постапка за возрасно лице и да му нанесе повреди на детето кои се сериозни и опасни за живот.

Пред сè, важно е детето да се заштити во телесна смисла, а потоа да му се даде и емоционална поддршка, за да се чувствува безбедно

Освен што на родителите им зборуваме за она што е забрането со закон и што им штети на децата, треба да ги учиме и што да прават наместо тоа. Многу родители и самите растеле во насилни средини и немаат знаење, ниту капацитет да се однесуваат поинаку кон своите деца. Многу експерти и здруженија, па и институции нудат психоедукативни програми за родители, но оние на кои тоа најмногу им треба немаат знаење, ниту интерес за тоа како да пристапат кон содржините. Под притисок на системот, сепак, многу родители се вклучуваат во работата на себе. Пред сè, важно е детето да се заштити во телесна смисла, а потоа да му се даде и емоционална поддршка, за да се чувствува безбедно од двата аспекти. Тоа понекогаш значи издвојување на детето од семејството, во случај на процена дека родителите немаат доволно можности и/или мотивација за промена и во случај детето да е изложено на ризик за животот, здравјето и вкупната благосостојба со останувањето во тоа семејство. Без разлика дали детето е одвоено или не, преку различни мерки се работи со децата и родителите и се следат промените и врз основа на нив се донесуваат понатамошни препораки и одлуки.

Целиот овој процес посебно го нагласувам од причина што луѓето често се плашат да известат за сомнежите за насилство во центрите за социјална работа и полицијата бидејќи „не сакаат да бидат виновни што на родителите им го одзеле детето“. Важно е да знаат дека дури и ако дојде до таа точка,, на родителите им се понудени многу можности за промена и работа на себе, од училиште за родители, советување, мерки за стручна помош, интензивен надзор.. Ние што работиме во пракса, често сведочиме на тоа дека на родителите им се даваат и премногу шанси, додека со тоа, за жал, им се одземаат шансите на детето. Родителите што навистина сакаат промена и работат во насока на најдобриот интерес за децата, од сите тие мерки во чиј фокус е заштита на детето, може и тоа како да извлечат придобивки, а придобивка има и целото семејство.

Ваша задача не е утврдување злоупотреба и детективска истрага. Ваша задача е да ги известите надлежните институции за сомнежите

Па така, ако забележите дете со модринки, рани, повреди, слушате крикови и плач на дете, удирање во соседството, ако дојдете во контакт со дете кое ги прикрива своите делови од телото, избегнува телесен контакт и слично, тоа е доволно за да ви разбуди сомневање. Ваша задача не е утврдување злоупотреба и детективска истрага. Вие треба да ги известите надлежните институции за сомнежите во врска со насилство, што може да го направите и анонимно, важно е само да се наведат што повеќе податоци за сомнежите што ги имате. Тоа не е само наше право, туку и граѓанска должност, а особено кога се работи за експерти. Во теоријата експерт кој не известува за сомневањето за насилство врз дете може да биде казнет со казна затвор до 3 години, иако за жал не е познато дека тоа во пракса се случило.

Автор: Миа Роје Ѓапиќ/магистар по психологија

Извор



912

X