Согласно Законот за работни односи, на вработените во јавниот сектор, вклучително и наставниците, треба да им биде платено прекувременото работење, потсетуваат од СОНК
Сите работници што изминатиов месец имаа зголемен обем на работа, време е да ги потсетат директорите во пресметките на плата за октомври да го пресметаат и додатокот на плата за прекувремена работа, согласно Законот за наставници и стручни соработници, Законот за работни односи и општиот колективен договор за јавен сектор – информираат од Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК и ги поттикнуваат наставниците да си ги бараат своите права.
Ова значи дека ако платата на еден наставник е 23.000 денари месечно, а ги исполнил часовите за прекувремена работа, дополнително ќе треба да му се исплатат плус околу 6.000 денари како дополнителна работа, објаснуваат оттаму.
– Согласно Законот за работни односни, дополнителната работа се плаќа. На пример, еден наставник работел со учениците со физичко присуство пет часа, а потоа уште пет часа работел со децата онлајн. Тие два часа се дополнителна работа. Е сега, според истиот закон, не е дозволено дополнителната работа да изнесува повеќе од 8 часа на неделно ниво, односно треба да е по еден час и 45 минути, дневно. За четири недели дополнителната работа не треба да надминува 32 саати. Ако се земе грубо, на наставничка плата од 23.000 денари дополнително треба да се исплатат плус 6.000 денари – појаснува за Факултети.мк Јаким Неделков, првиот човек на СОНК.
Според него, тоа се малку пари со оглед на тоа колку се оптоварени наставниците.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912