Игротека

Колку прегратки му се потребни на детето за среќно детство?

Еден едноставен, но исклучително важен гест што родителите можат да го направат за своето дете е прегратката. Иако изгледа обично, токму прегратката има огромно значење за здрав психофизички развој кај децата.

Истражување спроведено од Националната детска болница во Охајо покажало дека децата се поинтелигентни ако родителите почесто ги гушкаат. Детето што често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посамоуверено, поинтелигентно, побрзо размислува, има подобра меморија и подобро се справува со животните предизвици.

Според резултатите од ова истражување, на децата им се потребни:

  • Четири прегратки дневно за среќно детство;
  • Осум прегратки дневно за одржување психолошка рамнотежа и задоволство;
  • Дванаесет прегратки дневно за градење самопочит и личен развој.

Колку е важна должината на прегратката?

Не е важна само количината, туку и времетраењето на прегратката. Кога се гушкаме од седум до дваесет секунди, телото лачи окситоцин -хормон на среќата.

Освен што го зголемува нивото на окситоцин, допирот и прегратките:

  • го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања;
  • го зајакнуваат имунолошкиот систем;
  • придонесуваат за целокупната благосостојба на детето.

Затоа, гушкајте ги вашите деца, тоа е наједноставниот, а најмоќен начин да им помогнете да пораснат во среќни и здрави личности.

Извор

Поврзани написи

To top