Прво, имајте на ум дека секоја ситуација е единствена и зависи од возраста на жената, плодноста, претходните компликации во текот на бременоста или породувањето и слично. Сепак, постојат некои општи правила кога станува збор за зачнување по поминатиот царски рез.

Колку долго по царски рез не треба да забремените?

Некои општи препораки се да не се обидувате повторно да забремените помеѓу 18 и 24 месеци по царски рез, што е приближно иста препорака како по природно породување.

Сепак, ова не е тешко правило и многу зависи од околностите на вашата претходна бременост – на пример, дали била ризична или не и дали планирате да се породите природно или не.

Треба да земете предвид и како поминало вашето породување со царски рез, дали потоа имало некакви компликации, бидејќи во тој случај вашиот лекар може да препорача да чекате подолго за целосно закрепнување на телото.

Ризици од бременоста веднаш по царски рез

Постојат неколку причини зошто се препорачува да се чека одредено време по царски рез пред повторно да забремените. Истражувањата покажале дека жените што забремениле помалку од шест месеци по царскиот рез имаат поголем ризик од некои компликации:

Руптура на матката – ова е кинење на ѕидот на матката, најчесто на местото на претходен рез направен за време на породувањето со хируршки форцепс. При целосен прекин, сите слоеви на ѕидот на матката се скинати, што може да биде опасно и за мајката и за бебето. Истражувањата покажале дека ризикот од руптура се намалува колку подолго чекате да забремените по царски рез, при што ризикот е само еден процент по 24 месеци.

Заседната постелка (плацента превија) – ова е високоризична компликација на бременоста која се јавува кога крвните садови и другите делови на плацентата растат премногу длабоко во ѕидот на матката. Ова може да доведе до крвавење и потенцијално да биде фатално и за мајката и за бебето.

Предвремено породување – предвремено породување се смета за раѓање пред 37. недела од бременоста, што може да доведе до разни компликации за бебето. Истражувањата покажале дека ризикот од предвремено породување е поголем ако поминале помалку од 18 месеци од претходното раѓање.

Ниска родилна тежина – дури и кога бебето е родено во термин, студиите покажале дека постои малку поголем ризик од ниска родилна тежина ако поминале помалку од 18 месеци помеѓу раѓањето и зачнувањето. Експертите сметаат дека причината е прекумерниот стрес и нарушеното ниво на хранливи материи во телото на мајката, иако постојат и други теории.

Конечно, имајте на ум дека секој е различен и дека најдобра процена за тоа дали вашето тело е подготвено да носи уште една бременост може да даде само вашиот лекар, по сите потребни прегледи.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X