Здравје

Колку долго мајчиното млеко може да стои на собна температура?

Без разлика дали ова е вашето прво или четврто доење, веројатно имате многу прашања. Едно од најчестите прашања што ги поставуваат новите (и наскоро идните) родители е: „Колку долго може да стои мајчиното млеко надвор, т.е. дали е безбедно да се чува мајчиното млеко на собна температура?“

Еве што велат експертите:

Дали мајчиното млеко може да се чува на собна температура? Дали е навистина безбедно за вашето бебе? Одговорот е „да“, вели Џесика Маден, доктор по медицина, педијатар, неонатолог и консултант за лактација.

-Измолзеното мајчино млеко може да се остави надвор на собна температура некое време пред да се пие или во фрижидер. Но, постојат неколку предупредувања. Прво, треба да бидете сигурни дека го користите вистинскиот сад за складирање. Мајчиното млеко секогаш треба да се чува во садови кои се темелно исчистени со топла вода со сапуница и исушени пред употреба. Садовите за складирање може да бидат направени од стакло или пластика – вели таа.

И што точно значи „собна температура“?

Собна температура генерално значи 25 степени, што е температурата што ја препорачуваат Центрите за контрола и превенција на болести кога станува збор за складирање на мајчиното млеко на собна температура. Температурата во вашиот дом може да варира во зависност од вашата локација, затоа имајте го тоа на ум тоа кога складирате мајчино млеко.

-Погрижете се да не чувате мајчино млеко на собна температура во близина на прозорец за да не го загрее премногу сонцето – советуваат експертите.

Колку долго може да трае мајчиното млеко?

Се препорачува мајчиното млеко да стои на собна температура (25 Целзиусови степени) четири часа. Мајчиното млеко може да се остави надвор околу четири часа на температура помеѓу 25 и 30 Целзиусови степени. Но, ако собната температура е пониска, на пример, и млекото е во стерилен сад, шест до осум часа исто така можат да бидат безбедни.

Што се случува ако мајчиното млеко се остави надвор 4 часа или повеќе?

Повеќето родители се придржуваат до правилото од четири часа. Експертите велат дека колку долго ќе се остави млекото надвор зависи и од здравјето на вашето бебе.

-Обично препорачуваме да се фрли мајчиното млеко ако е надвор на собна температура повеќе од шест до осум часа, а на здрави, доносени бебиња да им се даде само мајчино млеко кое е надвор четири до осум часа. Тоа е затоа што предвреме родените бебиња се изложени на поголем ризик од инфекција бидејќи нивниот имунолошки систем е незрел. Мајчиното млеко треба да се фрли ако мириса или има вкус како да е расипано, без разлика колку долго е надвор на собна температура – вели д-р Маден.

Еден од ризиците од предолго оставање на мајчиното млеко надвор е растот на бактерии, што не може да се открие со визуелна инспекција. На пример, нема специфичен изглед или боја на млекото што укажува дека е „лошо“. Но, млекото што е надвор предолго може да резултира со повраќање или дијареја кај вашето бебе.

Лесли Овенс, регистрирана медицинска сестра, препорачува да останете во рамките на четиричасовниот опсег кога станува збор за тоа колку долго да го оставите млекото надвор, поради ризикот од бактериска контаминација.

Што ако вашето бебе не го испие целото млеко?

Д-р Маден препорачува да се фрли секое преостанато млеко што било на собна температура повеќе од еден до два часа.

Други стручни совети за складирање на млеко?

Се препорачува да не се складира премногу млеко одеднаш за да не се расипе. При замрзнување млеко, експертите препорачуваат да се користат кеси за складирање млеко и да се означи датумот на секоја кеса.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

To top