Здравје

Колку често треба да ја менувате четкичката за заби на детето

За да им помогнете на децата да научат за добра орална хигиена, императив е да знаете кога да ја смените четкичката за заби и колку често. Редовното менување на старата четкичка со нова е есенцијално за возрасните, исто така, но морате да ги научите децата сами да одлучат кога е време да си ја променат четкичката. Како што стануваат сè повозрасни и независни, не би требало вие да бидете тие што ја проверуваат состојбата на нивната четкичка за заби.

Ова е лекција која децата треба да ја научат пред да станат возрасни. По одредено време старата четкичка веќе не може да ги чисти забите. Полошо од тоа, долго користена четкичка за заби може да шири бактерии повеќе отколку да ги намали. Запознајте го со соодветно одржување на четкичката, правилниот период за менување и добрите и лошите страни на различните видови четкички за заби.

Опасностите на стара четкичка за заби

Која е штетата од користењето на четкичката за заби подолго време? Како што веќе е споменато, се шират бактерии наместо да се исчисти устата. Земете го предвид фактот дека во идеална ситуација вашето дете ги четка забите двапати дневно, некогаш и три, седум пати во неделата. Тоа е прилично честа употреба за една мала четкичка. Дополнително, децата што учат за правилна орална хигиена имаат тенденција да ги четкаат забите посилно. Помалите деца нема веднаш да научат како да ги четкаат забите. Затоа четкичката се истенчува и се раширува. Во тој момент децата не можат да исчистат ниту еден слој од забите.

Најлошото кај старите четкички е дека кај нив остануваат бактериите што ги чистат од забите. Сето тоа доведува до еден циклус на ширење бактерии, а со тоа и појава на инфекции. На пример, ако вашето дете е болно и ги четка забите со стара четкичка, ширењето на бактериите нема да престане, а инфекцијата нема да се намалува.

Основно правило

Генерално, паметно е да се менува четкичката за заби на секои три до четири месеци. Основното правило е луѓето да ги менуваат своите четкички за заби кога одат на шестмесечна проверка на забите и повторно три месеци претходно и три месеци потоа. Важно е и да се набљудуваат влакната на четкичката – ако почнат да се насочуваат во различни правци и ја губат формата, тогаш тоа е јасен знак дека е време за нова четкичка.

Возрасни наспроти деца

Се вели дека децата ги четкаат своите заби поинаку од возрасните. Кога да се промени четкичката, колку често и каква четкичка да се употребува, зависи од вашите деца. Можат да ја научат точната техника на рани години. Повеќето деца, сепак, поминуваат низ фаза во која силно ги четкаат забите, уништувајќи ја четкичката бидејќи мислат дека силното четкање доведува до почисти заби. Поради тоа, би требало да ја менувате четкичката почесто, на два месеца.

Различни четкички за заби и нивната долготрајност

Рачните/обичните четкички се обично најдобриот избор за малите деца. Нудат контрола на тоа колку силно ќе ги четкаат забите, а влакната се помеки, па можеби се и подобри за млечните заби. Електричните четкички може да ги исчистат забите бидејќи ротираат. Главата на четкичката обично има форма која може да влезе помеѓу забите, а имаат и сензори кои дозволуваат четкичката да се задржи доволно време на забите, па и да превенира во случај на преголем притисок. Овие детали ги прават електричните четкички мудар избор за децата, но само откако успешно ќе ја совладаат техниката на обичните четкички.

Подолго траење на четкичката

Можно е да направите четкичката на вашето дете да трае подолго, но запомнете дека, сепак, мора да се менува на неколку месеци. За почеток, кога детето ќе ги научи техниките за одржување на оралната хигиена, тоа ќе доведе и до поголема грижа за самата четкичка. Треба да го надгледувате четкањето на забите кај вашето дете на самиот почеток. Многу стоматолози за деца ги советуваат родителите прво тие да им ги четкаат забите на своите деца, покажувајќи им го вистинскиот притисок и времетраење за соодветно миење на забите, а потоа да го остават детето самото да проба. Многумина мислат дека ако ја покријат четкичката со заштитна кутија, направиле здрав избор, но и таа постапка ги зачувува бактериите. Научете го детето да ја остави четкичката непокриена, но во шкаф или на полица. Кажете му да не ја става четкичката до четките на другите членови на семејството бидејќи и на тој начин може да се пренесуваат бактериите.

Потсетување

Потсетете се да ја промените четкичката за заби на секое шестмесечно посетување на стоматолог за вашето дете. Три или четири месеци претходно и потоа, исто така. Често прегледувајте ги четкичките за да видите во каква состојба се. На пример, ако влакната се раширени или ја смениле бојата, време е за нова четкичка. Ваквите навики доведуваат до добро орално здравје. Ако на тоа го научите и вашето дете, тоа ќе добие вредна лекција која многу ќе му помогне кога ќе порасне.

Извор

Поврзани написи

To top