Здравје

Колку јајца дневно смеат да јадат децата?

На Велигден традиционално се кршиме со јајца, што им е омилен обичај на децата. Ова се деновите кога обично сите јадеме повеќе јајца од вообичаено, а еве колку треба да јаде секој, според својата возраст.

Деца од 2 до 12 години

Јајцата содржат протеини кои се важни за растот и развојот на бебињата. Покрај тоа, тие се одличен извор на аминокиселини.

Земајќи го тоа предвид, се смета дека децата на оваа возраст треба да јадат по едно јајце дневно за да го добијат потребниот витамин Д, омега-3 масни киселини и други важни хранливи материи. Меѓутоа, ако детето е многу активно или се занимава со некаков спорт, неговото тело може да има корист од консумирање до две јајца на ден.

Тинејџери од 13 до 19 години

Хормоните како инсулинот помагаат во регулирањето на телесните функции, како што се метаболизмот и шеќерот во крвта. Јајцата, богати со протеини и здрави масти, го поддржуваат производството на хормони и ги задоволуваат дневните нутритивни потреби. За повеќето тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, јадењето помеѓу едно и три варени јајца дневно е доволно за да се внесат важни протеини, витамини и омега-3 масни киселини.

Момчињата обично имаат потреба од повеќе протеини, па затоа може да им требаат до три јајца дневно, додека девојчињата обично имаат потреба од две, особено ако се помалку физички активни.

За повеќето возрасни, едно до две јајца на ден се доволни, но многу зависи од тоа колку е физички активна личноста. Во секој случај, и за децата и за возрасните, умереноста е клучна.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top