Воспитување

Кој вели дека недела е ден за одмор, заборава на мајките – особено на оние со мали деца

„Фала му на Бога што е петок“ – оваа реченица почнува да го губи своето значење кога станувате родител. Не се ни сеќавам на последниот пат кога сум излегла во петок вечер, а тоа да не вклучувало активност како јадење пица со децата. Не дека не се забавувам со сопругот и децата, но едноставно е различно – и со 3 момчиња дома, знае да биде гласно и диво. Всушност, неодамна сфатив дека им се радувам на понеделниците, кога моите постари деца се враќаат на училиште и се применува рутината која ми помага да си го одржам разумот. Како изгледаат викендите откако ќе станете родители?

Што е тоа спиење?

Никогаш не ми било јасно зошто моето тригодишно дете (секогаш во сабота) се буди веднаш штом ќе изгрее сонцето, додека остатокот од семејството спие. Малите деца како да имаат внатрешен будилник кој е далеку посигурен од кој било друг часовник на планетата. Дури и кога се надеваш на релаксиран ден дома и ништо не си испланирал, твоето дете со блескави очи ќе застане покрај креветот и ќе чека да започне денот.

Сега имаш целодневна работа за викендот: забавувај ги своите деца

Јас сум мајка која е секогаш дома (и работам од дома), па така ми изгледа дека мојата работа е константна. Никогаш тоа не е поочигледно отколку за време на викендот. Се обидуваме да имаме повеќе активности во сабота и во недела, што за моите деца е еднакво важно како и за сопругот и за мене. Факт е дека моите деца ќе бидат зафатени, па тоа ги спречува да се напаѓаат меѓу себе, а тоа значи планирање на многу активности кои на крај ме исцрпуваат.

Кој вели дека недела е ден за одмор, заборава на мајките – особено на оние со мали деца.

Веќе немате многу пари за викенд-забава

Пред децата, јас и мојот сопруг ги поминувавме викендите патувајќи, јадејќи во ресторани и одејќи во кино. Работевме напорно во текот на неделата, така што можевме да си дозволиме викенд каков што сакаме. Сега кога имаме 3 сина кои јадат еднакво колку и средношколски фудбалски тим, нашите пари за викенд-забава значително се намалија, а повеќето од викенд-активностите вклучуваат филмови и хамбургери.

Каде исчезна мојот социјален живот?

Јас и моите пријателки се обидуваме да испланираме женски викенд со месеци и сè повеќе ми изгледа дека тоа нема да се случи. Животот станува многу покомплициран кога ти и твоите пријатели имате деца и се обидувате да се соберете заедно, па тоа станува само нешто за кое се разговара и многу се мали шансите да се случи. Во повеќето случаи останува само на разговор.

Ти повеќе не си важен

Пред децата, во викендите си го правел она што си го сакал. Кога имате деца, за викендите го правите она што тие го сакаат.

Да, твоите раце ќе бидат полни, но исто така и твоето срце ќе гледа како децата растат пред твои очи. Еден ден дури и ќе почнат да спијат за викендот, а ти тогаш веројатно ќе копнееш по времињата кога првото нешто наутро што си го гледал биле веселите очиња и малото среќно дете како те поздравува и бакнува и спремно чека нова авантура.

Автор: Кејти Андерсон

Извор

Поврзани написи

To top