„Некој го украл божилакот… Биби, а што беше божилак?“ – „Виножито, Боби“, му објасни Биби. Еве за што беа загрижени Биби, Боби и Алфеј во новата сказна, откако им стигна абер дека го нема божилакот во скриената долина. Се сеќавате на џинот од волшебниот молив? Да, тој што бегаше од своите лоши браќа? Каква ли улога има во оваа приказна џинот, пријателот на Боби?
Дознајте во новата епизода од „Сказните на Биби“, која веќе можете да ја најдете на јутјуб-каналот на Биби.

Приказната ја напиша Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а режисер е Никола Чикос.
Гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.



912

X