Додека кај нас последниве денови се води полемика околу повеќегодишното спуштање на критериумите во оценувањето и линијата на помал отпор по која одат наставниците, како и окото на сѐ поизразеното родителско мешање во работата на училиштето, од не толку далечната Словенија пристигнуваат вести кои порачуваат дека можеби сѐ уште не е сѐ изгубено.

Ученичка од едно основно училиште во Словенија го скршила вештачкиот нокт на часот по физичко образование. Иако вие сега можеби мислите дека во целата приказна најстрашно е тоа што ученичка од основно училиште има вештачки нокти, не е така. Девојчето, имено, дошло на час по физичко и во текот на вежба го повредила прстот. Додавајќи топка, го скршила вештачкиот нокт, а потоа и вистинскиот нокт под него. Според пишувањето на медиумите во Словенија, родителите се жалеле на училиштето со тврдењето дека нивната ќерка има право да носи вештачки нокти, а дека за повредата е виновна, погодувате – наставничката.

Адвокатката Нана Вебер за словенечкиот магазин „Правна пракса“ рекла дека родителите се одговорни за девојчето и дека тие морале да одобрат дали таа ќе носи толку долги нокти на училиште. Понатаму наведува дека во Законот за основно образование стои дека училиштето може да одреди свој ред во установата и мерки за безбедност и одржување на редот. Целта на училиштето е стекнување основно образование, потсетува Вебер.

И баш оваа последна реченица станала камен за сопнување. Изгледа дека многумина, а пред сѐ, родителите, заборавиле што е целта на училиштето. А тоа не е покажување на вештачките нокти, трепки и веѓи. Тоа не е фалење со најнов телефон, ниту патики од 200 евра. Училиштето не е и не би смеело да биде парада на кичот, суетата и материјализмот. Иако ова случка се случила во Словенија, не звучи толку невозможно овие работи да се случат и кај нас. А на патот на тоа може да застане само училиштето. Секое училиште поединечно, така што ќе покаже дека не прави компромиси ниту исклучоци.

Извор



912

X